Дваесет и девет години окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани

Ова година славевме дваесет и девет години на окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани од страна на политичките манипуланти, профитери и криминалци од страна на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициски приврзоци кои креираа невиден геноцид во секоја сфера од општественото живеење.

На криминален начин ги приватизираа народните фирми, го смениа името, ја продаваат историјата, ја уништија економијата, образованието, науката, иновациите, културата, здравството, животната средина, инфраструктурата, спортот, ги оставија на милост и немилост социјалните ранливи групи како што се старите, болните, луѓето со посебни потреби, самохраните мајки, сиромашните.

Ги протераа од државата младите работоспособни кадри кои треба да останат во Македонија и да учествуваат во градење на правна и економски моќна држава, а исто така да се борат против овие УНИШТУВАЧИ.

Што е уште пострашно ја окупира државата и сите државни институции, а во исто време креираа армија на потчинети, заплашени и потценети граѓани кои им служат за гласање за да дојдат и останат што подолго на власт, за да можат да си ги полнат џеповите на сметка на сите македонски граѓани.

ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат овај геноцид врз македонските граѓани и Македонија.

ДОСТА Е!!! Ги повикува сите чесни граѓани да ни се придружат во БОРБАТА против УНИШТУВАЧИТЕ на нашите животи и Македонија и заеднички да креираме функционална држава!

Македонија вечна!

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com