Дијалог и толеранција, плурализам и разновидност, еднакви можности и меритократија

ДЕМОКРАТИ се формирани како граѓанска политичка опција. Оттаму почитувањето на различноста, плуралноста на мислењата, грижата, можностите, поддршката на разновидните погледи и пристапи, се уште една основа за развиена демократија која истовремено ги отфрла конфликтните пристапи и претпочита дијалог и консензуални решенија.

Односот кон малцинствата го докажува степенот на демократска зрелост и достигнувања во целост во едно општество, а либералната демократија претпоставува вклучување, а не маргинализација.

ДЕМОКРАТИ веруваат дека секој поединец мора да има еднакви можности, без оглед на нивното потекло, раса, пол или други критериуми. Индивидуалниот развој и воздигнувањето во општеството треба да бидат поврзани со вештините и заслугите на секој поединец.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com