До кога „народните пратеници“ ќе ја празнат народната каса и ќе се богатат на сметка на осиромашениот и ограбениот народ

ДЕМОКРАТИ се против Собранието да има 5 потпретседатели затоа што не само што сметаме дека тоа е преголем број и непотребен, но исто така пратениците го празнат буџетот на државата во нивна корист. Секој потпретседател зема од 15 до 20 000 денари повеќе од останатите народни избраници за да го менуваат спикерот Џафери кога ќе биде отсутен.

ДЕМОКРАТИ ги прашуваат „народните пратеници“ до кога ќе ја празнат народната каса и ќе се богатат на сметка на осиромашениот и ограбениот народ на Македонија

ДЕМОКРАТИ предлагаат Собранието да има 2 потпретседатели, што сметаме се повеќе него доволно.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com