Единствен критериум за вработување да биде стручноста, а не партиска или етничка припадност

За жал во нашата држава има повеќе критериуми за вработување во јавната администрација, но два критериуми се најштетни, по основа на партиска или национална припадност.

Не е ни чуди дека јавната администрација брои повеќе од 130.000 вработени и повеќето од овие вработувања се креирани на политичка и национална основа. Иронијата и штетата да биде уште поголема има луѓе кои седат дома и земаат плата од времето на Рамковниот договор, потпишан на 13 август, 2001 година.

ДЕМОКРАТИ крајно го осудуваат ваквиот начина на вработовање од страна на политичките партии СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ, кои не само што не е фер и демократски, исто така е крајно штетен за економијата и моралот на граѓаните кога бараат работа.

ДЕМОКРАТИ бараат итно да им се укинат работните места на сите „вработени“ по етничка основа (лажни вработувања), кои седат дома и земааат плата со години.

Надлежните кои ги креираа овие лажни работни места да бидат кривично прогонувани и да ја надокнадат финансиската штета на државниот-народниот буџет на Македонија!

ДЕМОКРАТИ предлагаат итно да се донесе закон за вработување во јавната администрација, во кој закон единствен критериум за вработувањето ќе биде квалитетот, стручноста, работното искуство, а не политичката и етничката припадност.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com