Итно да си поднесе оставка градоначалничката и советот на Општина Битола

Три години владеете со Општина Битола и покажавте и докажавме дека не сте способни да ја менаџирате и да ја вoдите Битола успешно.

– Не сте способни да ги одржувате играчките во градскиот парк и во општината.
– Не сте способни да го решите проблемот со ѓубрето.
– Не сте способни да го решите проблемот со дупките по улиците.
– Не сте способни да го решите проблемот со паркирањето.

Гореспоменатите проблеми ако не сте способни да ги решите, како ќе ги решите поголемите проблеми со економијата, со масовното иселување на младите и повозрасни стручни кадри од Општина Битола.

Како ќе ги решите проблемите во образование, здравството, животната средина. НИКАКО!!!

ДЕМОКРАТИ се убедени дека вие сте неспособни да ги решавате малите проблеми, а не големите.

ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од вашата неспособност да ја менаџирате општината и бара итно да си поднесете оставка.

ДОСТА Е уништувањето на Општина Битола и граѓаните!

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com