Крајно не одговорно и шарлатанско однесување на Зоран Заев

Додека повеќето граѓани на Македонија живеат во голема сиромаштија и се под огромен стрес од последиците на корона кризата, Регуларната комисија за енергетика ја зголеми цената на струјата за 7.4% од први Август, кое зголемување ќе предизвика поголема сиромаштија, стрест и економска криза.

Повеќето граѓани бараат намалување на цената на струјата и распуштање на Регуларната комисија за енергетика, а Заев изјави дека струјата во нашата држава е меѓу најевтините во регионот, со што го поддржува зголемувањето на цената на струјата. Исто така се осудува и ги повика пратениците да не ја укинуваат Регулаторната комисија.

Ние како ДЕМОКРАТИ не сме изненадени од неговата изјава затоа што сме повеќе години сведоци на неговите шарлатански и штетни изјави, а се разбира и на неговата неспособност да донесува правилни одлуки и да ја менаџира државата.

Сепак сметаме дека е крајно нe’ одговорно, шарлатанско и погрешнo да го поддржува зголемувањето на цената на стријата и да се става во одбрана на РКЕ.

За жал тој е во тотална заблуда кога го кажува ова и нема никаков допир со реалноста како живеат – преживуваат повеќето граѓани во државата.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com