Руинирано и опасно по живот за учениците е ОУ Коле Канински од Битола

Денес ДЕМОКРАТИ го посетија основното училиште Коле Канински од Битола и самите се уверивме дека училиштето е руинирано и учениците се изложени на ЖИВОТНА ОПАСНОСТ од електричните жици кои се незаштитени и се најдуваат во дворот на училиштето.

Од страна на одговорните бараме ИТНО да се заштитат електричните жици пред да се случи трагедија (има слики од истите).

Како ДЕМОКРАТИ крајно сме револтирани што нашите деца одат во руинирани и опасни по живот училишта.

Затоа ДЕМОКРАТИ ја повикуваат градоначалничката, советот и директорот на ОУ Коле Канински ИТНО да си поднесат оставка, затоа што се неспособни да ја менаџираат општината и дозволуваат учениците да одат во руинирани и опасни по живот училишта.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com