Секојдневен геноцид врз граѓаните на Македонија

Европската агенција за животна средина објави на 08-09-2020 година дека Македонија е една од земјите во Европа која има најповеќе смртни случаи од аерозагадувањето, поточно 120 смртни случаи на 100.000 жители.

Постоиме 29 години како независна држава, но за жал ни една влада не го реше проблемот со аерозагадувањето и не го заштити здравјето на граѓаните.

Од аерозагадувањето секој ден граѓаните се разболуват и умираат, а никој не одговара за овај геноцид врз граѓаните.

ДЕМОКРАТИ веруваат дека вината е во властите кои владее 29 години со државата и не’ сакаа да го решат проблемот со аерозагадувањето.

ДЕМОКРАТИ се револтирани од неспособноста на Владата да го реши овај катастрофален проблем, а со тоа врши геноцид врз граѓаните, секојдневно уништувајќи човечки животи.

Затоа како ДЕМОКРАТИ сметаме дека одговорните во иднина кои треба да го решат проблемот со аерозагадувањето, а не го прават тоа, треба да бидат кривично прогонувани.

Само така тие што се нафатиле да го решат проблемот со аерозагадувањето ќе почнат да си ја вршат својата работа и ќе се спасат илјадници човечки животи.

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com