Стојко Стојков-ТАБУ-Време на страх и страдание

Стојко Стојков, ТАБУ. Време на страх и страдание. Преследването на Македонците в България по времето на комунизма (1944-1989), Сборник спомени и документи. Издава: Дружество на репресираните Македонци в България, Благоевград 2014, 550.

По незнам кој пат се навраќам на овој зборник на документи. Податоците се страотни, сеќавањата на жртвите трауматични. Тоа се преживеани голготи на оние чии поколенија и денес во европејска Б‘лгарија не смеат да кажат дека се Македонци. Личните, семејните и фамилијарните трагедии биле секојдневие. И сето тоа без никаква вина, без никакви закани по државата и поредокот во Бугарија. Но, и без вина, виновници имало со цел да се држи во страв и да се угнетува секој кој се чувствувал Македонец во Пиринска Македонија. Што би рекол Ѓорги Поп-Атанасов „Единствената моја вина беше што сум Македонец и што сакав да останам Македонец“.
Историјата се повторува, само играчите се други. Мислам, за фашизмот во добрососедска европејска Б‘гарија.

Катерина Тодороска

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com