Честит празникот и вековита независноста, Македонијо!

По успешно спроведениот референдум од 8 септември 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Од тогаш до денес состојбите во нашата држава драстично се променети во негативна насока.

Стопанството е колабирано, економијата е девастирана, образованието е под секое ниво, младината чека погоден момент за да избега од сопствената држава.

Што би ѝ посакале во ваква ситуација на самостојна Македонија?

Најмногу што можеме да посакаме е да се ослободи од оние кои 29 години ја уништуваат, ограбуваат, понижуваат, задолжуваат. Да се ослободи од оние кои ги понижија нејзините чеда, Македонците, дома, но и во соседните држави и во дијаспората.

Секако, како и секогаш во историјата, таа улога на чувар на својата татковина се граѓаните.

Токму тие граѓани имаат обврска да си ја чуваат татковината од домашни и странски душмани. Ним им го честитам денот на независноста на Македонија од лично и од името на членовите на политичката партија ДЕМОКРАТИ и посакувам, заедно да се избориме за просперитетна држава, почитувана во светот, посакувана за економско вложување, држава каде младите нема да бегаат од сопствениот дом, држава која нема да молчи за злоделата против Македонецот, каде тој и да се наоѓа.

После 29 години стагнација, да почнеме да мислиме за иднината на државата, ако не сакаме да ја изгубиме. И да се избориме, без доза на горчина во душата, да го празнуваме денот на независноста со крената глава.

А до тогаш, нека ти е честит празникот и вековита независноста, Македонијо!

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com