Честит 2 Август – државниот празник на Република Македонија

Почитувани граѓани,
 
Во името на политичката партија ДЕМОКРАТИ и од лично име ви го честитам 2 Август, државниот празник на Република Македонија.
 
Двата големи Илиндена доволни говорат за континуитетот и значењето на овој ден за македонската историја.
 
Имено, на овој ден било кренато Илинденското востание во 1903 година, подготвено и реализирано од Македонската Револуционерна Организација против Османската империја. Фактот што, како резултат на востанието била прогласена Република, предизвикал голем интерес на странските држави за состојбите на македонското население под османска власт.
 
Нашиот втор Илинден е сушност одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Во виорот на Втората светска војна, во манастирот Прохор Пчински биле поставени основите на денешната македонска држава.
 
Со оглед на важноста на 2 Август за македонската државност, овој ден бил прогласен за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
 
Нека ни е честит и вековит македонскиот државен празник Илинден и нека ни биде патоказ за иднината на Република Македонија.
 
Македонија вечна!!!
Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com