ДЕМОКРАТИ се формирани како граѓанска политичка опција. Оттаму почитувањето на различноста, плуралноста на мислењата, грижата, можностите, поддршката на разновидните погледи и пристапи се уште една основа за развиена демократија која истовремено ги отфрла конфликтните пристапи и претпочита дијалог и консензуални решенија.
Односот кон малцинствата го докажува степенот на демократска зрелост и достигнувања во целост во едно општество, а либералната демократија претпоставува вклучување, а не маргинализација.
ДЕМОКРАТИ веруваат дека секој поединец мора да има еднакви можности, без оглед на неговото потекло, раса, пол или други критериуми. Индивидуалниот развој и воздигнувањето во општеството треба да бидат поврзани со вештините и заслугите на секој поединец.