Еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Денес ќе ви пишувам за еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија. Се вика Спасе Мазенковски. Роден е во селото Леска, Горичко, Албанија, 2 септември 1953 година и животот го посвети на нотирање и решавање на проблемите на македонското население во Албанија. Тој е еден од основачите и првиот главен уредник на весникот „Преспа“, а на таа позиција останал до 50-от број на весникот. Учествувал во основањето и работата на сите друштва, организации и политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција, а неговиот придонес во секоја од нив е исклучителен.

Автор е на стихозбирки и монографии чија тематика е Преспа, животот на Македонците во Албанија.

Се упокои во неговото село Леска на 30 мај 2018 година.

За Спасе Мазенковски има многу да се пишува, но ова не го пишувам заради него, туку заради односот на македонските институции кон овој голем Македонец во Албанија. Книгите кои ги има објавено се финансирани лично од него, неговата работа не е удостоена со ниту едно признание од страна на македонската држава. Покревањето на ваквото прашање во државава, веднаш го добива одговорот дека „Ние не се мешаме во работата на туѓи држави“. И тука е основната причина која бугарската држава ја користи за агресивен приод за побугарчување на Македонците во Преспа

И да завршам, за денес. Знаете ли кој од претставниците во Македонската амбасада во Тирана го има посетено гробот на Спасе Мазенковски. НИКОЈ. Знаете кој од официјалните македонски политички веледостојници го посетил семејството на Мазенковски? НИКОЈ.

И така, додека македонската држава не се меша во внатрешните работи на други држави, другите држави со стипендии, огради на училишта, свои благонадежни членови во управата на општина Пустец лека полека ги одродува Македонците отфрлени од својата матична држава.

Претходно Секојдневен геноцид врз граѓаните на Македонија

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ