Историските споменици – оставнина на секоја држава

Историските споменици на секоја држава се оставнина наследена од нашите предци. Секој таков споменик, од одговорните за заштита на културните споменици, треба да се третира со посебно внимание. Ревитализираните, заштитените и оплеменети со дополнителна содржина во стилот на споменикот, за секоја сериозна држава., претставуваат богат извор на финансии добиени од организирани туристички тури. Но, таквите споменици треба да бидат и реално нагледно средство за учениците во основните и средните училишта при задолжителните екскурзии.Еден таков споменик е АКВАДУКТОТ во Скопје. Се наоѓа на само 6 км. од Центарот на Скопје, а организирано го немаат посетено ниту учениците од основно, ниту од средно образование. За студенти не зборувам, иако мислам дека студентите на историја и историја со археологија треба да бидат обврзани на практичните часови да подготвуваат содржини за оплеменување на просторот.Оние што го градеа квазибарокот Скопје2014, за да се офајдат со минионски провизии, не се сетија да го обноват АКВАДУКТОТ. Ги оставија на милост и немилост спомениците на културата, а денес ќе обновувале. Перверзија.Оние што се чаламеа дека ќе го реставрираат АКВАДУКТОТ со прст не мрднаа во насока на чаламот. Можеа, ама помина времето за можење.АКВАДУКТОТ се распаѓа оставен на забот на времето и на бесот на силеџиите.ДОСТА Е!!!ДОСТА Е од обновување и можење на уништувачи и некадарни.ДОСТА Е!!!ГЛАСАЈТЕ ЗА ДЕМОКРАТИ, заокружете број 2 за да му го вратиме сјајот на бисерот од Антиката, сјајот на АКВАДУКТОТ и да го развиеме овој простор како атрактивна туристичка атракција.

Претходно Катерина Тодороска – животната средина

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ