Националното знаме на Бугарија

Со децении темелно се работи на побугарчување на Македонците во Албанија. Секако, за таквата политика на Бугарија сесрдно помогнаа и властите во Македонија кои, не гледајќи подалеку од сопствениот џеб, некои амбасадори во Албанија (како и во други држави) ги испратија како “награда” за нивната без’рбетност. Несомнено, голема беше улогата на сегашниве власти во Македонија во изборот на актуелната водечка гарнитура во Пустец. А таа, е црешата на бугарската торта во единствената македонска општина во Албанија. Така што, обезличување на македонското компактно јадро во општина Пустец, помогнато од “братскодоговарашкото” друштво од Македонија доби и свои БОИ НА ОГРАДАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ПУСТЕЦ. Само, онака, оти им се бендисале белата, зелената и црвената на “раководештите в Пустец”, оградата е обоена со боите на бугарското знаме. Се, разбира, случајно. И уште послучајно, македонските власти не се мешаат во внатрешните работи на Албанија, за не дај Боже, да ги искара европејска “братска Б’лгарија” оти зинале во нејзин атар.

Оти, бугарската политика има само една цел. Да докаже дека источно од Македонија живеат Бугари, газејќи ги при тоа најосновните човекови права на Пиринските Македонци. Потоа, западно од Македонија, според добрососедските ни блгарски власти, мора да се најдат и да живеат Б’лгари. Следствено, на средина мора да живеат благонадежни Б’лгари.

За волја на вистината, актуелното раководство на општина Пустец и актуелните владетели во Македонија, одлично си играат по тактот на блгарската братска песна.
Трагедија по македонското национално битисување.

И така, кога следниот пат ќе заокружувате некое бројче на избори, воедно кажувате кој и како сакате да ги распродава македонските интереси во соседството. Или не.

П.С. Ако не ви се познати боите на оградата во училиштето во Пустец, ви нудам мала помош.

Претходно До кога „народните пратеници“ ќе ја празнат народната каса и ќе се богатат на сметка на осиромашениот и ограбениот народ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ