Пензискиот Фонд е во голема опасност од банкротирање

Според податоците на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување во Македонија има 325 илјади пензионери. Во 2019 година за пензии се потрошиле 915 милиони евра од буџетот на државата.

Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ако во иднина не се креираат стотици илјади нови работни места во стопанството, Пензискиот Фонд ќе банкротира и пензиите ќе се намалат драстично, на место да се зголемат.

Добро е познато дека на еден пензионер потребно е да има 4 до 5 вработени да го полнат Пензискиот фондот за да може да опстане. Ако сметаме дека во Македонија има 325 илјади пензионери тогаш треба најмалце да има 1.3 милиони вработени за да го полнат фондот.

ДЕМОКРАТИ веруваат дека во државата нема толкав број вработени, напротив, ние не сме сигурни дали има толкав број граѓани кои живеат во Македонија.

ДЕМОКРАТИ бараат одговор од властите да ни кажат колку вработени има во Македонија на еден пензионер, каква е финансиската состојба во Пензискиот Фонд и колкава сума на пари се уплаќа во истиот годишно?

Претходно Си беше еднаш една Влада

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ