Приватна сопственост, повлекување на државата од економијата, иницијатива, конкурентност

Индивидуалниот развој е директно поврзан со почитувањето на имотот. Приватната сопственост е основата на доктрината на политичката партија ДЕМОКРАТИ и сржта на едно општество на слободни граѓани.

Ние како ДЕМОКРАТИ се залагаме за ограничување на државната интервенција во економијата и веруваме дека таа не треба да се меша со пазарните механизми, туку дека државата треба да биде тука само за да се обезбеди правна рамка за спроведување слободна и фер конкуренција.

Оттука, наш избор е намалување на данокот и поттикнување на приватното опкружување. ДЕМОКРАТИ се водат од принципот на неинтервенционизам, за разлика од централистичките пристапи на управување преку државата.

Во развиените демократии, развојот на општеството подразбира општ раст на животниот стандард и просперитетот на граѓанинот.

ДЕМОКРАТИ се посветени во реализирање на својата програма за економска и социјална поддршка на малите и средните фирми, кои се најдинамичен и креативен сегмент во државата. Во светски рамки, средната класа е двигател на економијата, а од социјална гледна точка, силната средна класа помага во намалување на екстремната општествена нерамнотежа и поларизација. Од политичка гледна точка, средната класа е основа на демократијата и основен извор на учество во демократијата.

Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека иницијативата во бизнисот и претприемништвото мора да бидат охрабрени и одржливи, така што секој поединец треба да го реализира својот потенцијал.

Претходно Индивидуална, слободна, лични права и слободи

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ