Стечај на Еуростандард банка

Кој треба кривично да одговара за стечајот на Еуростандард банка?
Дали менаџерскиот тим на банката или кривична одговорност треба да понесе гувернерката и незиниот тим на Народната банка на Македонија?
Гувернерката Бежовска вели дека банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност на кредитен ризик. Ова значи дека се давале повеќе кредити од можноста на банката, без да се обезбеди соодветно покритие за нив. Побарале докапитализација, која банката не ја спроведила во целост.

136.619 илјади депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат за депозитите затоа што законски се загарантирани и ќе им бидат исплатени, но за 780 штедачи кои имаат над 30 илјади евра нема да бидат обесштетени целосно и ќе добијат одредена сума на пари ако има од стечајната постапка.

ДЕМОКРАТИ ја прашуваат гувернерката ако таа и незиниот тим знаеле за незаконското работење подолго време зошто не го спречиле на време незаконското работење на Еуростандард банката?

Во меѓувреме парите на сите штедачи се блокирани и треба да се снаоѓаат како можат и умеат за да преживеат, додека чекаат да им се вратат парите.

Додека многу од штедачите на Еуростандард банка ќе ги изгубат парите, министерката по финанси Нина Ангеловска си ги спасува парите на време пред банката да се затвори

Према информации од некои медиуми министерката за финансии Ангеловска за 9 месеци од својата заштеда во Еуростандард банка подигнала вкупно 240,844 евра, од кои над 110,000 евра само во јуни.

МИНИСТЕРКАТА негираше дека постои поврзаност со повлекувањето на средствата со ситуацијата во банката.

ДЕМОКРАТИ имаат право да се сомневаат во незината изјава дека парите што ги повлекувала немаат никаква поврзаност со ситуацијата во банката.
Како ДЕМОКРАТИ не сме изненадени од незината изјава затоа што македонските функционери триесет години го лажат народот.
За жал многу од штедачите ќе ги изгубат повеќето од своите пари затоа што не се информирани – привилегирани како МИНИСТЕРКАТА!!!

Претходно Разговор со претседателот на политичката партија ДЕМОКРАТИ, г-дин Јорго Огненовски по повод вториот роденден на ДЕМОКРАТИ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ