Развиените демократии во својот центар го имаат човекот – поединецот. Тоа не е „себичен“ пристап кој го исклучува општеството или интересот за општото добро. Напротив, во демократските општества се верува дека секој поединец мора да има еднакви можности да се развие и афирмира во општеството според неговите залагања и способности.
Слободата е најценетата вредност на секој поединец. Либералната демократија го става својот фокус во центар заради гарантирање и почитување на индивидуалните права и слободи. Слободата на изразување во теориите за демократијата е една од нејзините најважни вредности, заедно со правото за градење просперитетен живот на секој поединец.