Од името на ДЕМОКРАТИ и лично име ви го честитам 11 Октомври – Денот на почетокот на антифашистичката борба за слобода на демократски настроените сили на македонскиот народ.
Македонскиот народ рамо до рамо со светските прогресивни сили се бореше за искоренување на злото на 20-от век, фашизмот.
Нивната борба и нивните жртви не смееме да ги заборавиме и обезвредниме.
Затоа 11 Октомври не е само ден за почеток на востание, туку почеток на остварување на вековен сон на македонскиот народ за слободен и просперитетен живот во сопствена држава.
Нека е честит и вековит 11 Октомври.
Македонија вечна!