Владата на СДСМ-ДУИ со државен буџет на 5,3 милијарди евра – народни пари, ќе решава економска криза

Неспособноста на Владата на СДСМ-ДУИ и нивните политички приврзоци кулминира во последниве месеци, при што сведочиме за целосна немоќ да се справи со економската криза и со потребата да им се помогне на граѓаните на Македонија.

За да ја покријат својата некадарност, претставниците на власта сметаат дека со подмами можат да манипулираат со граѓаните. За таа цел, предлагаат да биде изгласан државен буџет од 5,3 милијарди евра за 2023 година.

При тоа, Министерството за финанси очекува да собере 4,6 милјарди во државната каса од даноци и други давачки, а разликата од 700 милиони евра ќе ја пополни се нови кредити.

Со оглед на досегашното расипништво кое го практикуваат владините и сите другите функционери, веруваме дека овие средства повторно ќе завршат во нечии џебови, а во меѓувреме на граѓаните ќе им се ветуваат субвенции во стилот „субвенциониран оброк“, „субвенционирано лекување во бања“, „субвенции за род“ за земјоделците итн.

Некому ќе му ветуваат „повласетените даночни стапки за подобрување на репродуктивното здравје на жените и за поголема достапност на средствата за менструална хигиена, тие ќе имаат даночна стапка од 5 проценти“, некому „еднократна помош“, некому „зголемена плата“, некому само „леб и воздух“.

Секако, при сето тоа, како и досега најважниот критериум ќе биде партиската припадност и висината на провизиите кои ќе бидат обезбедени за „народните“ владетели.

Поради крајно неодговорниот начин на работење на Владата на СДСМ и ДУИ, како ДЕМОКРАТИ сметаме дека гласањето за државен буџет од 5,3 милијарди евра за 2023 година претставува крајно неодговорен чин, кој ќе донесе уште поголемо осиромашување на народот чија егзистенција и сега е загрижувачка.

Во време на светска економска криза, Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, ги намалува средствата за непотребни трошоци во интерес на домаќинското работење. Но, ова не е случај со македонската Влада која со непримерна сума за државен буџет само ќе го продолжи расипничко трошење на народните пари.

ДЕМОКРАТИ сметаат дека треба да се намалат државните трошоците во време на катастрофална економска криза, дека нема потреба од енормен државен буџет, а уште помалку да се задолжуваат граѓаните со нови кредити.

Поради тоа, како ДЕМОКРАТИ предлагаме Владата уште во текот на расправата по буџетот за 2023 година во Собранието, да ги намали трошоците и да не го зголемува државниот буџет за 2023 година во однос на оној од 2022 година, иако има простор за намалување и на таа цифра.

Претходно 11 Октомври – Денот на почетокот на антифашистичката борба

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ