Владата треба да ги плати долговите за струја на сиромашните граѓани, а не’ да им ги плаќа долговите за струја на криминални институции
Државните институции како што се судовите, Клиничките Центри, Македонски Железници, Зоолошките, универзитетите и студенските домови со години добиваат пари од народниот буџет да ги покријат своите трошоци за струја, но за жал со години не плаќале, а што е уште пожалосно никој не’ знае каде се потрошени тие пари.
За трагедијата да биде уште поголема неспособната Влада на место да направи ревизија на институциите зошто не плаќале струја и каде ги трошеа пари добиени од народниот буџет, тие сега ќе им го плаќаат долгот за струја кој изнесува повеќе од 40 милиони евра.
Како ДЕМОКРАТИ имаме право да се сомневаме дека се работи за огромен криминал од страна на менаџерските тимови на институциите и парите за струја имаат завршено во нечии џепови!
ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО да се испита работењето на менаџерските тимови во овие институции од страна на ЈО и МВР, за да се знае точно каде завршиле парите наменети за струја!
ДЕМОКРАТИ предлагаат Владата да им ги плати долговите за струја на сиромашните граѓани кои со години не можат да ги исплатат и кои секојдневно се малтретирани од џелатите – извршители, а да не’ им ги плаќа долговите за струја на криминални институции кои со години не плаќале струја!