Свети Климент Охридски е роден во 840, а почина на 27 јули 916 година во Охрид. Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.
Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.
Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички!