Денес утре ќе биде вчера.
Е, тогаш ќе дојдете пред вратата на историјата, ќе чукнете и ќе чекате. Да ве смести на вистинското место. А тие се две, на буниште или на трон.
Историјата нема да ве вреднува по денот кога сте седнале, туку по денот кога сте станале од фотелја.
Затоа, денес зачувајте чист образ за утре и вчера, оти лепешкав сурат довека шири реа. И околу вас и околу поколенијата ви.
Денес е денот кога треба да мислите за вчера.
А вчера, и да го искорнете суратот, реата останува.