На ранливите категории на сиромашни граѓани не им е потребно милостина од Владата!

Владата на СДСМ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци повторно ги манипулира ранливите категории на сиромашни граѓани со некаква си мизерна финансиска помош која ќе трае наредните 4 месеци, почнувајќи од декември 2022 година.

Пензионерите со најниски пензии, односно пензии до 11.525 денари, ќе добиваат мизерни 1.500 денари месечно, а пензионерите со пензии од 11.526 денари до 14.000 денари, ќе добиваат мизерни 750 денари месечно наредните 4 месеци!

Корисниците на социјална сигурност за стари лица, корисниците кои користат посебен додаток заради попреченост, трајни промени во здравствената состојба, корисниците кои користат надоместок за помош и нега за друго лице, како и самохраните родители ќе добиваат мизерна финансиска помош од 3.000 денари месечно наредните 4 месеци!

Исто така корисниците кои добиваат парична помош за телесно оштетување ќе добиваат мизерни 750 денари месечно, наредните 4 месеци!

Невработените лица – корисници на право на материјална помош ќе добиваат мизерни 3.000 денари месечно, за наредните 4 месеци!

ДЕМОКРАТИ длабоко веруваат дека Владата на СДСМ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци ги манипулираат ранливите категории на сиромашни граѓани со мизерна финансиска помош!

Како ДЕМОКРАТИ сме убедени дека на ранливите категории на сиромашни граѓани им се потребни трајни решенија за нивните финансиски проблеми, како што се стални вработувања во стопанството, повисоки плати, пензии и социјална помош.

Само така овие граѓани ќе имаат подобар животен стандард и би се спасиле од сиромаштија и секојдневните страдања, а не’ Владата да ги манипулира и залажува со мизерна финансиска помош која ќе трае 4 месеци!

Претходно Mанипулаторите Ковачевски и Мицковски секој ден меѓусебно се обвинуваат!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ