Економската состојба во државата се распаѓа со секој изминат ден!

Пополека но сигурно економската состојба во државата се распаѓа со секој изминат ден, благодарение на 31-на годишната окупација од страна на политичките злосторнички криминални банди

Јавните фирми како што се болниците, факултетите, затворите, судовите и студентските домови со години му должат за струја на ЕВН. Денес сите заедно должат околу 40 милиони евра за струја.

За жал ова состојба во јавните фирми ја прикажува реалната слика во која се наоѓа економијата. Поточно кажано економски пропаѓаме со секој изминат ден.

Како и секогаш Владата по нивните окупирани медиуми секојдневно се фали дека се е ок со економијата, ја спасиле државата од економски колапс и секогаш ги манипулира граѓаните дека, еве, стварно економски сме стабилни, вие како граѓани живеете добар живот!

ДЕМОКРАТИ се свесни за секојдневните манипулациите на Владата со граѓаните и затоа ги повикуваме сите чесни граѓани да ни се придружат во борбата да ги турнеме од власт триесет и едно годишните владетели кои секој ден ни ги уништуваат животите!

Само така можеме да си ја спасиме Македонија од понатамошно уништување и да креираме функционална држава за доброто на сите граѓани!

Претходно Денес утре ќе биде вчера!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ