Македонија денес се наоѓа во катастрофална политичка криза, која криза ја доведува во прашање иднината на македонската држава!
Државните институции кои треба да го штитат интегритетот и суверенитетот на македонската држава и интересите на граѓаните, како што се Владата, Министерствата, Собранието, Судството, Јавното обвинителство, Полицијата и многу други државни институции кои се окупирани и контролирани од страна на политички злосторнички криминални банди од редовите на криминалните партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, за жал работаат во интерес на злосторничките криминални банди и нивните криминални партии!
Ако им дозволиме на злосторничките криминални банди и партии да продолжат да владеат со државата, за жал уште повеќе ќе се влошува катастрофалната политичка и економска криза во државата, со што ќе се доведе во прашање иднината на Македонија!
Затоа време е да им кажеме СТОП на политичките криминални партии и нивните злосторнички криминални банди!
Мораме да ги турнеме од власт што побрзо, а тоа можеме да го постигнеме на следните Парламентарни избори!
Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНА ПРОМЕНА на криминалниот Изборен законик, воведување на Една изборна единица, Отворени листи, Без праг и Фер и Демократски избори, а потоа да се одржат вонредни парламентарни избори!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека граѓаните треба да имаат шанса да гласаат на фер и демократски избори, да гласаат за луѓе во кои тие веруваат, а не за политички криминални партии и нивните злосторнички криминални банди кои им се закануваат, ги уценуваат, се служат со корупција, за да останат на власт или дојдат повторно на власт!
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните – гласачите на следните парламентарни избори да гласаат за чесни и хумани луѓе, со работно и животно искуство, (а такви ги има во ДЕМОКРАТИ) за доброто на нивните деца, внуци, сограѓани и за спас на Македонија!