До кога ќе ја трпиме непријателска Бугарија и незините политичари – шовинисти?

До кога ќе ја трпиме непријателска Бугарија и незините политичари – шовинисти, кои шират лаги за македонскиот народ и Македонија?

Бугарската држава и незините политички шовинисти шират невидени лаги, дека бугарското малцинство во Македонија било дискриминирано и физички малтретирано!

Бугарија и незините политички шовинисти за жал со децении шират лаги и имаат докажано дека на македонскиот народ и Македонија не’ и се пријатели, напротив се’ непријатели!

Со децении ја негираат македонската нација, јазик, историја, култура, ја нарекуваат Македонија вештачка творевина на Тито, создадена во 1945 година.

За жал ова го прави само со една цел, да го понижи македонскиот народ и македонската држава и да го спречат влезот на Македонија во Европската Унија!

За да го решиме проблемот со непријателска Бугарија еднаш за секогаш ДЕМОКРАТИ предлагаат:

1. ИТЕН прекин на преговорите со Бугарија!
2. Распуштање на комисијата за историски прашања!

Се додека не’ се извини јавно за лагите што ги шири со децении за македонскиот народ и македонската држава, се дотогаш немаме потреба да преговараме со непријателска Бугарија!

Македонија вечна!

Претходно Од кога стана политичар докторот Таравари купи луксузна куќа во Скопје скоро за беспари!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ