Како ДЕМОКРАТИ бевме повторно мотивирани да пишуваме за катастрофалната состојба во здравство, благодарение на изјавата на неспособниот министер за здравство Сали.
Дел од неговата изјава во интервјуто за телевизија Телма: ,,Состојбата во јавното здравство не е добра, треба да засукаме ракави. Анализата направена за дијагноза на јавното здравство во изминатата година, во инвестирањето, организацијата, почитување на протоколи и се останато во делот на здравствени услуги, даде еден резултат кој што не е добар за нас како држава. Не е добар показател само дека се движиме во позитивна насока, туку навистина треба да засукаме ракави и да размислиме како сакаме да продолжиме’’.
Неговата изјава ја сметаме за најголема глупост на деценијата. Сме убедени дека тој е неспособен да го води здравството како и предходните неспособни министри по здравство поставени од редовите на криминалните партии на СДСМ-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!
На место врвни професионалци да го менаџираат успешно здравството, политичките криминални партии поставуваат свои полтронски послушници и неспособни луѓе да го водат здравството во пропаст и за жал државните здравствени установи ги претворија во мртвачници!
За момент сакаме да замислите како хаос владее во здравството денес. Пред месец и нешто беше објавено дека сите жени независно каде живеат во Македонија ако сакаат да направат Ехо на дојка, мора да одат во Македонски Брод затоа што само таму има слободен термин наредната недела во цела држава.
Дури жените кои имаат рак на дојка не можат да добијат брз термин за снимање и мора да чекаат во државните болници повеќе од месец дена, или да си платат дебели пари за снимање во приватните болници!
За жал не секој има пари да си плати приватно и како последица на овај хаос кој владее во здравството на многу пациенти им се влошува здравствената состојба, а некои за жал плаќаат со своите животи!
ДЕМОКРАТИ се згрозени од негрижата и нехуманиот односот од страна на Министерството за здравството и Владата кои дозволија да се доуништи здравството, на место да креираат подобро здравство и подобри услови во државните здравствени установи!
Затоа ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите граѓаните да се обединиме и да се бориме да го спречиме понатамошното уништување на здравството и негрижата за пациентите од страна на Министерството за здравство и Владата!
Да креираме подобро здравство и да не’ дозволиме илјадници пациенти да ни умираат по здравствените установи – мртвачници, а можат да бидат спасени!
П.С. Сликата е снимена во Клиничката болница во Битола. Двајца починати пациенти се покриени со чаршафи, додека трет пациент прима инфузија!