Идиотска манипулација на ненародната Влада со сиромашните граѓани!


Ненародната Владата на СДСМ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци планира од годинава од фискалните сметки повраток на ДДВ да се зголеми од 600 денари месечно на 700 денари!

Замислете народе 100 денари повеќе ќе им врати на сиромашните граѓани и ќе ги спаси од сиромаштија!

За да добиеме 700 денари повраток на ДДВ, ќе треба да потрошиме месечно 30,000 денари за храна и пијалоци од домашно производство, а ако се производите увезени од странство ќе треба да потрошиме 70,000 денари месечно!

Не само што е невозможно сиромашните граѓани да потрошат во месецот 30,000 денари за храна и пијалоци за да добијат повраток на ДДВ од 700 денари, туку повеќе од пола од граѓаните на Македонија не заработуваат 30,000 денари месечно.

Да не заборавиме дека има граѓани кои немаат модерни телефони да ги скенираат сметките или знаат како тоа се прави. Тие никогаш нема да имаат шанса да добијат ни 1 денар повраток на ДДВ!

ДЕМОКРАТИ знаат дека повраток на ДДВ е огромна идиотска манипулација на ненародната Владата со сиромашните граѓаните.

Наводно ненародната Влада се појавува како спасител на сиромашните граѓани, им помага финансиски, а вистината е им ги враќа нивните пари што им ги украла преку даноци!

ДЕМОКРАТИ се згрозени од идиотската манипулација на ненародната Владата и бараат ИТНО да си поднесе неотповиклива оставка!

ДЕМОКРАТИ предлагаат:

1. ИТНО укинување на мерката повраток на ДДВ.

2. ИТНО да се укине данок на промет на сите основни прехранбени продукти!

3. ИТНО да се намали данокот на промет на сите производи од 18% на 6% проценти (освен на луксузните)!

ДЕМОКРАТИ за функционална држава!

Претходно Време е да си се вратиме во реалноста!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ