Со месеци трае истрагата да се дознае кои се манијаците кои ги плашат учениците, вработените во училиштата, родителите, бабите, дедовците и граѓаните со дојави за лажни бомби!
Хакери – манијаци, кои преку електронска пошта ги објавуваат лажните информации дека имаат поставено бомби во различни објекти низ Македонија, сакаат психички да ги заплашуваат граѓаните и да предизвикаат голема материјална штета!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека неспособна Влада и неспособните и некадрите луѓе кои раководат со МВР, не можат да го решат овај проблем и да ги заштитат нашите деца, внуци и сограѓани!
Тоа на дело го покажаа за жал. Со месеци не’ можат да ги откријат манијаците кои не заплашуваат и малтретираат со лажни дојави на бомби!
Како ДЕМОКРАТИ бараме од неспособната Владата и МВР, ИТНО да побара помош од странски експерти за да ги заштити нашите деца, внуци, сограѓани од манијаците кои шират лажни најави на поставени бомби и прават огромна материјална штета на Македонија!