Говорот на Пендаровски во Собрание е невиден страм и понижување за македонскиот народ и Македонија!
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Пендаровски дали е тој свесен дека Бугарија ни е најголем непријател?
За жал Бугарија врши злодела према македонскиот народ и Македонија со децении.
Не ја признава македонската нација, не ги признава Македонците во Бугарија, не го признава македонскиот јазик, историја, култура и со години шири лагите по светот дека Македонија била вештачка творевина на Тито, креирана во 1945 година.
Пендаровски на место да е прв во одбрана на македонскиот народ и македонската држава од нападите на Бугарија, тој бесрамно повикува на внесување на бугарското малцинство во Уставот!
Како ДЕМОКРАТИ го осудуваме ваквото мизерно однесување на ,,П’’ Пендаровски и веруваме дека не’ работи за интересите на македонскиот народ и Македонија!
ДЕМОКРАТИ го повикуваат ИТНО да си поднесе неотповиклива оставка!
ДЕМОКРАТИ повеќе пати повикуваа на ИТЕН прекин на преговорите со непријателска Бугарија и распуштање на комисијата за историски прашања.
Повикувавме повеќе пати да не’ се внесува бугарското малцинство во Уставот, се додека Бугарија не’ се извини јавно за повеќедецениските злосторства према македонскиот народ и Македонија и официјално ја признае македонската нација, ги признае Македонците во Бугарија, го признае македонскиот јазик, историја и култура!
На Македонија не и се потребни лажни македонски патриоти кои работат со години против интересите на македонскиот народ и македонската држава!
На Македонија и македонскиот народ им се потребни чесни македонски патриоти кои ќе се борат против внатрешни и надворешни непријатели и секогаш ќе работат за интересите на македонскиот народ и Македонија!
Македонија вечна!