Неспособниот премиер Ковачевски го советуваат околу 40 советници, соработници и надворешни ,,експерти” кои немилосрдно го цицаат народниот буџет

Додека граѓаните немаат леб да јадат, неспособниот премиер Ковачевски има во неговиот тим околу 40 советници, соработници и надворешни ,,експерти” кои секојдневно го цицаат немилосрдно народниот буџет!

Како ДЕМОКРАТИ ќе спомнеме неколку имања кои се дел од тимот на неспособниот премиер и колку пари месечно добиваат во плати и хонорари.

Љубе Бошковски, советник за странски инвестиции и Аксел Ахмедовски советник за правни прашања имаат по 57,000 илјади денари плата.

Зоран Верушевски, како советник за национална безбедност зема месечен хонорар околу 75,000 денари!

Ќе спомнеме само неколку надворешни советници кои земаат месечен хонорар од 36,000 денари, а тоа се: Еднонд Адеми, Ванчо Узунов, Антон Чаушевски, Глигор Бишев и Исмет Рамадани!

Се разбира не може тимот на неспособниот премиер да биде без добро платени новинари кои ќе ја величаат неговата ,,големина” и прикриваат неговата неспособност. За добро сработената работа овие новинари се платени околи 55,000 денари!

ДЕМОКРАТИ го прашуваат неспособниот премиер Ковачевски зошто му се потребни толку соработници, советници и надворешни ,,експерти” кои трошат огромна сума на пари од народниот буџет, кога и така нема појма како да ја врши успешно функцијата на премиер на Македонија?

Има ли Премиерот малце памет да размисли зошто му се потребни толку многу луѓе во неговиот тим, за кои се троши огромна сума на пари од народниот буџет, кога добро знае дека во Македонија владее катастрофална економска криза и дека секој ден повеќе и повеќе граѓани се посиромашни и немаат леб да јадат!

ДЕМОКРАТИ бараат од неспособниот премиер Ковачевски да си поднесе ИТНО оставка!

ДЕМОКРАТИ бараат тимот составен од советници и соработници на идните премиери да не биде поголем од 5 члена!

Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека премиер на Македонија може да биде чесен и хуман човек, со големо работно и животно искуство, врвен професионалец, а не’ човек на кој му се потребни 40 советници и соработници и пак да е неспособен успешно да ја врши функцијата премиер на Македонија!

Претходно Демократи за функционална држава!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ