Сред Скопје бугарски политички манијаци и непријатели на Македонија ја негираа македонската држава и македонскиот народ!


Ненародната Влада и Министерството за надворешни работи дозволија сред Скопје двајца познати бугарски политички манијаци и непријатели на Македонија да ја негираат македонската држава и македонскиот народ!

ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат ненародната Влада и Министерството за надворешни работи што дозволија двајца познати бугарски политички манијаци и непријатели на Македонија да влезат во државата, а што е уште пострашно им дозволија да ја навредуваат и негираат македонската држава и македонскиот народ сред Скопје и не презедоа ништо да ги спречат!

ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка од ненародната Влада на СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци кои дозволија овие бугарски манијаци и непријатели на Македонија да ни ја понижуваат и негираат македонската држава, македонскиот народ сред Скопје, а со тоа покажаа, повторно, дека се неспособни да ја штитат државата!

Што се однесува до бугарските манијаци и непријателите на Македонија и македонскиот народ, европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и лидер на партијата Преродба Костадин Костадинов се непожелни во Македонија и никогаш не треба да им се дозволи да влезат во Македонија, а ако влезат да бидат затворени и кривично прогонувани!

Македонија вечна!

Претходно Не смееме да дозволиме овој човек и неговата криминална партија да ја водат Македонија во пропаст!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ