Јавен повик до манипулаторот Мицкоски
ДЕМОКРАТИ јавно те повикуваат да престанеш да ги манипулираш граѓаните – гласачите на Македонија со предвремени парламентарни избори!
Бараш предвремени парламентарни избори на 14 или 21 мај 2023 година под изговор да му помогнеш на граѓаните и да ја спасиш Македонија од криминалните владеачки партии на СДСМ-ДУИ.
За жал ти ги манипулираш граѓаните и ова е уште еден обид ти и твојата криминална партија ДПНЕ да дојдете што побрзо на власт, за да можете да ги контролирате – окупирате државните институции, да можете да креирате нови криминални политички вработувања за вашите полтронски послушници – гласачи и да се доберете до народниот буџет, а не да му помогнете на граѓаните и Македонија!
За жал тебе и твојата криминална партија не ве интересира прво промена на криминалниот Изборен законик, а потоа да одиме на предвремени парламентарни избори за доброто на граѓаните!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека криминалниот Изборен законик им овозможува на криминалните партии на СДСМ-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди да организираат криминални избори и да дојдат на власт на криминален начин.
Замислете за момент почитувани граѓани – гласачи преку криминалните избори кои ги спроведуваат политичките криминални партии и нивните злосторнички криминали банди што добиваме!
Одговорот сите го знаеме. ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ!
Зар треба да очекуваме дека ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, поточно кажано политичките злосторнички криминални банди кога ќе дојдат на власт ќе работаат за наши интереси и интересите на македонската држава!
Одговорот сите добро го знаеме. НЕ!
Затоа како ДЕМОКРАТИ бараме пред да се оди на предвремени парламентарни избори, ИТНО да се промени криминалниот Изборен законик и да се донесе нов Изборен законик кој ќе содржи:
1. Една изборна единица
1. Отворени листи
3. Без праг
4. Подеднаква распределба на финансиските средства за сите учесници на изборите
5. Подеднаква медиумска застапеност за сите учесници на изборите,
6. Рамноправна распределба на рекламните локации
7. Да се спречат криминални избори преку поставување на камери на секое избирачко место и користење на други методи!
Само така ќе имаме фер и демократски избори и шанса да гласаме за чесни, хумани луѓе, со работно и животно искуство, кои ќе ја менаџираат и водат Македонија во просперитет, ќе работаат за интересите и доброто на сите граѓани, а не исти криминални партии и нивните злосторнички криминални банди да спроведуваат криминални избори и да доаѓаат на власт со децении, за да се богатат, а на нас – граѓаните да ни ги уништуваат животите и Македонија!
ДЕМОКРАТИ: Прво ИТНА промена на криминалниот Изборен законик, а потоа на предвремени парламентарни избори!
Македонија вечна!!!