Се одржа последната седница на пратениците во Собранието за оваа година. Според статистичките податоци пратениците во Собранието имале само 88 работни дена на пленарни седници од 365 дена во годината.
Исто така комисиите се состанувале многу ретко да расправаат за важни закони. На пример комисијата за образование иако имала само 10 закони да ги разгледува во 2022 година, не успеала да заврши ниту еден.
За жал преку годината многу од пратениците не се ни појавуваат на редовните седници во Собранието да расправаат или да гласаат за важни закони за доброто на граѓаните и Македонија, а земаат плати!
ДЕМОКРАТИ го осудуваат ова криминално однесување на пратениците – цицачите на народниот буџет!
Како ДЕМОКРАТИ предлагаме ИТНА измена на Законот за пратеници:
1. Да се намали бројот на пратеници од 120 на 27.
2. Секој пратеник да е присутен во Собранието 5 дена, минимум 40 часа во неделата!
3. Да се укине имунитетот на пратениците!
4. Да се укинат патните трошоци за пратениците!
5. Да им се укинат бесплатните ручеци, вечери и сите други материјални добивки.
Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека во овие тешки времиња на политичка и економска криза на Македонија и граѓаните им се потребни вистински народни пратеници кои ќе работат за интересите на Македонија и граѓаните и кои ќе си ги заработуваат платите како сите чесни граѓани, а не како до сега да имаме пратеници – цицачи на народниот буџет кои работаат само за свои лични интереси!
Македонија вечна!