Образованието во Македонија пополека но сигурно се уништува со децении како последица на неспособни Влади и Министри по образование!
Се наоѓаме на почетокот на втората половина од учебната година и за жал дел од учениците се уште се без учебници.
Што е уште пожалосно овој проблем со учебниците трае повеќе години.
Неспособниот министер за образование Шаќири и самиот најверојатно незнае што кажува. Тој изјави ,,Дел од учебниците нема да стасаат ни до јуни, а догодина нема да доцнат. Се доставени учебниците за четврто одделение, како и за петто освен учебникот за Македонски јазик кој не е ни подготвен бидејќи не се пријавил ниту еден автор. Трето и шесто одделение ќе почекаат до следната учебна година.
За трето одделение повикот за автори е објавен во ноември. Се уште не е пуштен повикот за шесто одделение затоа што ги очекуваме наставните програми. Кога ќе ги достави Бирото за развој на образованието, веднаш ќе биде објавен и повикот за автори за учебници. Со завршување на трето и шесто по новата Концепција, мислам дека ќе ги имаме сите учебници во септември зашто немаме оправдување за временските рокови кои се законски”!
Изјавата на министерот Шаќири е толку нејасна и збунувачка, што може лесно да се види дека човекот нема појма што зборува, а камоли успешно да го води Министерството за образование!
За жал наставниците и учениците се оставени на себе со години самите да се снајдуваат со материјал за предавање и учење!
ДЕМОКРАТИ го прашуваат неспособниот министер Шаќири како не му е страм да ги остави наставниците и учениците без учебници?
Како не му е страм да прифати да буде министер по образование, кога и самиот знае дека нема знаење и искуство успешно да го менаџира образованието!
ДЕМОКРАТИ бараат Владата и министерот Шаќири да си поднесат ИТНО неотповиклива оставка!
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните да се обединиме и да се бориме против УНИШТУВАЧИТЕ на образованието, државата и иднината на нашите деца и внуци!