ДЕМОКРАТИ го осудуваат ова расипничко, криминално однесување на лешинарите, таканаречени ,,народни” пратениците, цицачи на народниот буџет, во време кога владее катастрофална економска криза, а за жал граѓаните секој ден стануваат посиромашни и немаат леб да јадат!
ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНА измена на Законот за пратеници!
За да се спречи ова расипничко, криминално однесување на лешинарите, така наречени ,,народни” пратеници предлагаме:
1. Да се намали бројот на пратеници од 120 на 27!
2. Да се укине имунитетот на пратениците!
3. Да се укине апанажата на пратениците!
4. Секој пратеник да е присутен во Собранието 5 дена, минимум 40 часа во неделата!
5. Да се намалат платите на пратениците!
6. Да се укинат патните трошоци за пратениците!
7. Бесплатно учество во комисии!
8. Да им се укинат бесплатните ручеци, вечери и сите други финансиски и материјални добивки!
Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека во овие тешки времиња на политичка и економска криза во Македонија, на граѓаните им се потребни ВИСТИНСКИ НАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ, кои ќе работат во интерес на граѓаните и Македонија, а не да имаме пратеници – лешинари, цицачи на народниот буџет, кои работаат само за свои лични интереси и интересите на нивните политички партии!
Македонија вечна!