Продолжуваат лагите и клеветите на бугарскиот претседател Радев за Македонија!

 

Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел за новинарите изјави: ,,Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето. Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Северна Македонија, што веќе води до престапи од омраза – подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари”.

ДЕМОКРАТИ се згрозени од лагите и клеветите на бугарскиот претседател Радев за Македонија, но не сме изненадени од причина што тој шири лаги и клевети со година против Македонија и македонскиот народ!

За жал ова го прави само со една цел, да го понижи македонскиот народ и македонската држава и да го спречи влезот на Македонија во Европската Унија!

Бугарија и незините политички шовинисти за жал со децении шират лаги и клевети и имаат докажано дека на македонскиот народ и Македонија не’ и се пријатели, напротив се’ непријатели!

Со децении ја негираат македонската нација, јазик, историја, култура, не ги признаваат Македонците во Бугарија, ја нарекуваат Македонија вештачка творевина на Тито, создадена во 1945 година.

За да го решиме проблемот еднаш за секогаш со непријателска Бугарија, ДЕМОКРАТИ повеќе пати предлагаа и пак ќе предложиме:

1. ИТЕН прекин на преговорите со Бугарија!
2. ИТНО распуштање на комисијата за историски прашања!

Се додека не’ се извини јавно Бугарија за лагите и клеветите што ги шират со децении незините политички националисти за македонскиот народ и македонската држава, се дотогаш немаме потреба да преговараме со непријателска Бугарија!

Македонија вечна!

Претходно Битолчанецот Благојче Илијевски ја загуби битката со цистична фиброза!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ