До кога ќе ја трпиме ненародната и неспособна Влада која и дозволува на непријателска Бугарија да им ги пере мозоците на младите во Македонија?

Ненародната и неспособна Влада и дозволува на непријателска Бугарија да им ги пере мозоците на младите во Македонија и да шири лаги и невистини за Македонија и македонскиот народ!

Изјавата на Христијан Пендиков за бугарската БТВ тоа најдобро го илустрира:

,,Во Македонија учиме лажна историја дека Бугарите се фашисти и Татари, а само Србите ни се браќа. За да бидеш македонски Бугарин, само треба да се реализираш. Во Македонија учиме изменета, лажна историја во која Бугарите се фашисти, Татари. Откако ја прочитав светската историја, откако прочитав за ВМРО и што е историја, сфатив. Не научија таква приказна дека само Србите ни се браќа и сите други сакаа нешто лошо да и се случи на Македонија“!

За да го решиме проблемот со непријателска Бугарија еднаш за секогаш ДЕМОКРАТИ предлагаат:

1. ИТЕН прекин на преговорите со Бугарија!
2. Распуштање на комисијата за историски прашања!

Се додека не’ се извини јавно за лагите што ги шири со децении за македонскиот народ и македонската држава, се дотогаш немаме потреба да преговараме со непријателска Бугарија!

ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите граѓани на Македонија да ни се придружат во борбата против ненародната и неспособна Влада за да ја турнеме од власт што побрзо и да ги спречиме лагите и штетната кампања на Бугарија што ја шири помеѓу младите во Македонија, пред да биде многу касно!

Претходно ДЕМОКРАТИ им се заблагодаруваат на Македонско друштво “Илинден” – Тирана, за досегашната искрена и успешна соработка!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ