ДЕМОКРАТИ: Невидено осиромашување и манипулирање на граѓаните од страна на ненародната Влада
За жал граѓаните секој ден се повеќе и повеќе осиромашуваат и живеат помизерен живот, благодарение на катастрофалните економски политики на ненародната Влада.
Згора на тоа, манипулаторот премиер на СДС и ДУИ Ковачевски излегува скоро секој ден по медиумите и ги убедува граѓаните дека нивниот животен стандард се подобрува, со тоа што им ги зголемува пензиите на пензионерите, платите на вработените во јавната администрација, а исто така ја зголемува минималната плата која од 1 Март треба да биде мизерни 20,000 денари.
Заборава да каже дека цените на основните производи растат секојдневно и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните и нивниот животен стандард.
Заборава да каже дека со нивните пензии и плати неможат да го поминат ни пола од месецот!
ДЕМОКРАТИ и граѓаните знаат дека Владата и манипулаторот премиер ги манипулираат граѓаните и ги убедуваат дека животниот стандард им се подобрува, но во пракса за жал секој ден граѓаните стануваат се посиромашни и живеат помизерен живот!
ДЕМОКРАТИ се згрозени од манипулациите на Владата и манипулаторот премиер со граѓаните.
Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и да се бориме да ги турнеме од власт што побрзо, тоа подобро.
На Македонија и граѓаните не им се потребни манипулатори и криминалци кои ја уништуваат македонската држава и животите на граѓаните!
На Македонија и граѓаните им се потребни чесни и хумани луѓе со работно и животно искуство кои ќе ја менаџираат успешно државата и ќе креираат функционална држава за доброто на нашите деца, внуци и сограѓани!