Како деца на политичари станаа судии и јавни обвинители?

И покрај тоа што се имало сомнеж дека кандидатите за нови судии и јавни обвинители предвреме ги знаеле прашањата за примениот испит за почеток на Академијата, властите дозволија деца на политичари да станат судии и јавни обвинители!

ДЕМОКРАТИ веруваат дека сите што ги знаеле предвремено прашањата за приемниот испит за влез во Академијата за судии и јавни обвинители се сторители на кривично дело казниво со Законот и треба кривично да бидат прогонувани, а не’ да им се дозволи да бидат судии и јавни обвинители!

За жал продолжуваат политичките криминални вработувања во судството и јавното обвинителство, кои вработувања се последица на владеењето на криминалните партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!

Најновите идни фамилијарни вработувања на синови, ќерки и сопруги на високи државни функционери во судството и јавното обвинителство ќе бидат:

1. Синот на Талат Џафери, Барлет Џафери ќе биде јавен обвинител!

2. Синот на обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска, Драган Јосифовски, ќе биде судија!

3. Сопругата на шефот на Јавното обвинителство Исалам Абазие, кој раководи со одделението за организиран криминал и корупција, ќе биде јавна обвинителка!

4. Ќерката на обвинителката за организиран криминал Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска ќе биде јавна обвинителка!

5. Синот на судијата во Вишиот Управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи ќе биде јавен обвинител!

6. Синот на судијата Енвер Беџети, Јетмир Беџети, ќе биде јавен обвинител!

7. Сопругата на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ДПНЕ, Симона Муцунски-Бубевска ќе биде судијка!

8. Синот на поранешниот претседател на судкиот совет, Здравев ќе биде обвинител!

9. Ќерката на генералната секретарка на Собрание, Цветанка Иванова ќе биде јавна обвинителка!

Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека непотизмот – политичките криминални вработувања во судството и јавното обвинителство ги инфицираат правните институциите со криминал и за жал одредена група на судии и јавни обвинители работаат во корист на криминалните политички партии и политичари, а на штета на македонската држава и граѓаните!

Ако сакаме да го спречиме понатамошното уништување на правниот поредок на македонската држава и Македонија, треба НАРОДОТ заедно со ДЕМОКРАТИ да се бори за ИТНА промена на криминалниот Изборен законик, а потоа да одиме на предвремени избори!

Претходно Дали случајот со синот на Џафери е криминал?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ