Непотизмот – политичките криминални вработувања и криминалот, продолжуваат да го инфицираат судството!


Најновите идни фамилијарни вработувања на синови, ќерки и сопруги на високи државни функционери во судството и јавното обвинителство ќе бидат:

1. Синот на Талат Џафери, Барлет Џафери ќе биде јавен обвинител!

2. Синот на обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска, Драган Јосифовски, ќе биде судија!

3. Сопругата на шефот на Јавното обвинителство Исалам Абазие ќе биде јавна обвинителка!

4. Ќерката на обвинителката за организиран криминал Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска ќе биде јавна обвинителка!

5. Синот на судијата во Вишиот Управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи ќе биде јавен обвинител!

6. Синот на судијата Енвер Беџети, Јетмир Беџети, ќе биде јавен обвинител!

7. Сопругата на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ДПНЕ, Симона Муцунски-Бубевска ќе биде судијка!

Како ДЕМОКРАТИ во последните 32 години, вработувањата во судството и јавното обвинителство преку непотизам ги сметаме политички криминални вработувања и се последица на владеењето на криминалните партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!

ДЕМОКРАТИ се згрозени од одредена група на судии и јавни обвинители (чест на исклучоци), кои на место да спроведуваат правда и да го бранат правниот поредок во државата, да работаат во интересите на македонската држава и граѓаните, за жал работаат во интересите на криминалните партии, политичари и бизнисмени!

Претходно Здравствените работници на протести и блокади зашто плати се уште нема!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ