Манипулаторите од СДС повторно преку окупираните медиуму немилосрдно ги манипулираат сиромашните граѓани со покачување на минималната плата од 18.000 илјади на 20.000 илјади денари, која треба да се исплатува од 1-ви Март, а исто така ги манипулираат и со терминот ,,просечната плата”, која се искачи на 34.364 денари.
ДЕМОКРАТИ сакаат да ги потсетат манипулаторите дека со 20.000 илјади денари никој не може да живее ни една недела од месецот, а камо ли да живее цел месец.
Исто така сакаме да ги потсетиме манипулаторите од СДС дека немилосрдно ги манипулираат сиромашните граѓани со терминот ,,просечна плата”!
За жал терминот ,,просечна плата” често се користи од страна на ненародни криминални Влади и политички криминалци, преваранти и манипуланти кога се на власт, со една и единствена цел, да ги убеди (манипулира) сиромашните граѓани, дека, еве, им го подобрува животниот стандардот и живеат подобар живот и покрај тоа што со секој изминат ден повеќе и повеќе осиромашуваат и помизерено живеат!
ДЕМОКРАТИ ги осудуваат лагите и манипулациите на манипулаторите од СДС со сиромашните граѓани!
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните да ни се придружат во борбата против манипулаторите и УНИШТУВАЧИТЕ на Македонија!
Да се бориме да ги турнеме од власт, за да можеме да креираме функционална држава за доброто на нашите деца, внуци и сограѓани!