Сите ја гледаме катастрофалната состојба во која денес ни се наоѓа нашата држава, се бориме со секојдневните проблеми кои ни се се поголеми, но една работа треба на сите да ни е јасна – некои луѓе во оваа држава многу добро знаат во каква состојба ни е доведена државата, и тие одлучиле токму во таква состојба таа и да биде – затоа што ним токму таква и им одговара !
Тоа што на нас граѓаните тоа не ни одговара – тоа е наш проблем, не нивен, и нивна обврска е што повеќе да не држат во збунетост и замаеност, за да не се освестиме во што е проблемот – и кое е решението.
Ама, нели, вистината е како шило, кога-тогаш ќе излезе на виделина?
Се повеќе луѓе во Македонија се освестуваме, ја согледуваме валканата манипулација и медиумското перење на мозоците кое ни се прави 32 години и се повеќе ја согледуваме вистинската причина за најголемите државни и наши лични проблеми.
Реалноста денес е дека Македонија формално е парламентарна демократија, во која најголемите одлуки за државата и за нас граѓаните се донесуваат во собранието, преку избраните ,,народно пратеници”. Затоа и ,,народните пратениците” се, формално, највиновни за се што се случува во државата, затоа што тие ги носат законите и тие одлучуваат кои државни функционери ќе ни ја водат државата.
Но кому му служат пратениците, и во чиј интерес тие одлучуваат, во наш интерес на граѓаните – или во интерес на лидерите на партиите?
Проста логика е дека пратениците одлучуваат во интерес на лидерите на криминалните партии, затоа што лидерите одлучуваат кој од нив ќе го стават на изборната листа на добитно место за да стане ,,народен пратеник’’ заради криминалните затворени изборни листи.
Епа тоа значи и дека лидерите на партиите се најодговорни за катастрофалната состојба во која што се наоѓа денес нашата држава, и дека таа состојба им одговара токму на лидерите на партиите, зошто тие ги контролираат ,,народните пратеници” и тие им кажуваат за што и како да гласаат !
Главното и суштинско прашање кое ние ДЕМОКРАРИ го поставуваме е – Кој сакаме да одлучува во нашата држава: ние граѓаните, или лидерите на партиите и мафиите зад нив?
Ние граѓаните можеме да одлучуваме за се само со помош на нашите граѓански пратеници, избрани со помош на изборниот систем со Отворени листи и преференцијално гласање, а лидерите на партиите и мафијашите зад нив можат да одлучуваат за се само со помош на криминалните затворени изборни листи.
Од ова произлегува дека главниот, најголемиот и примарниот проблем во државата – каков изборен систем во Македонија сакаме?
Со Отворени листи, ние граѓаните одлучуваме за која личност ќе гласаме или со криминалните затворени листи и да ни одлучуваат лидерите?
Како ДЕМОКРАТИ се бориме за тоа ние граѓаните да одлучуваме за најважните работи во државата, а не лидерите на криминалните партии, и затоа максимално инсистираме на ИТНА промена на криминалниот Изборен закон кој Законик ќе содржи:
1. Една изборна единица
1. Отворени листи
3. Без праг
4. Подеднаква распределба на финансиските средства за сите учесници на изборите
5. Подеднаква медиумска застапеност за сите учесници на изборите
6. Рамноправна распределба на рекламните локации
7. Спречување на криминални избори преку поставување камери на секое избирачко место и користење на други методи!
ДЕМОКРАТИ се борат Македонија да биде држава на слободни и моќни граѓани, каде што ние граѓаните, преку нашите граѓански пратеници, сами ќе одлучуваме за добрата организација и за функционирањето на нашата држава.
Само така ќе имаме фер и демократски избори и шанса да гласаме за чесни, хумани луѓе, со работно и животно искуство, кои ќе ја менаџираат и водат Македонија во просперитет, ќе работат за интересите и доброто на сите граѓани, а не лидерите на исти криминални партии и нивните злосторнички криминални банди да спроведуваат криминални избори и да доаѓаат на власт со децении, за да се богатат, а нам, на граѓаните, да ни ги уништуваат животите и Македонија!.
За ова да го постигнеме на нас ДЕМОКРАТИ ни е потребна вашата поддршка, на граѓаните на Македонија, и таа поддршка ја бараме и ја очекуваме за да можеме да им ја одземеме моќта за одлучување на мафијашките лидери од криминалните партии, за ние граѓаните сами да одлучуваме за најважните прашања во државата, и да можеме да си ја уредиме Македонија по наша граѓанска мерка !