Додека државата ни се распаѓа, а граѓаните стануваат сѐ посиромашни и немаат леб да јадат, вицепремиерот и министерот за политички систем, Артан Груби и други министри од ДУИ се рекреираат во просториите на Министерството за политички систем, играјќи кошарка и фудбал!
Груби на Фејсбук стави слики и напиша, „Тимот на соништата. По долг и предизвикувачки ден, придружен со антистрес за да го одбележи заедничкиот успех. Денес е голем ден.“
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Груби за кој заеднички успех зборува?
ДЕМОКРАТИ сакаат да го потсетат Груби, откако се на власт неговата партија ДУИ и СДС и тој како вицепремиер и министер за политички систем, македонската држава продолжува да пропаѓа и граѓаните живеат помизерен живот со секој изминат ден!
Не е ни чудо зошто македонската држава пропаѓа со вакви министри шарлатани!