РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ!

Во Македонија секој ден зборуваме за огромните проблеми кои сѐ повеќе нѐ тиштат: политичкиот криминал и корупција, падот на економијата и стандардот, непочитувањето на законите, иселувањето на младите итн., затоа што (до)сегашната состојба во која ни се наоѓа државата веќе не се трпи, таа ни се распаѓа, а ние живееме помизерен живот со секој изминат ден.

Проблемите сите ги гледаме и чувствуваме, но за да ги решиме, не треба само да се справуваме со последиците од нив, туку треба да ја откриеме вистинската причина за нивното настанување и да се бориме да ги решиме.

„Нашите“ криминални власти само гаснат нови пожари кои сами ги потпалуваат, префрлаат од шупливо во празно, а проблемите не само што не исчезнуваат, туку со секој ден стануваат сѐ поголеми.

„Нашите“ криминални политичари ја користат ситуацијата и проблемите кои сами ги создаваат, нѐ манипулираат нас, граѓаните и си играат со нашите емоции, па ни велат дека причината за проблемите се криминалците од „другата“ партија, затоа што тие се неспособни, под влијание на странски сили, ја партизираат и заробуваат државата, го празнат буџетот за свои лични интереси итн.

Кажуваат сѐ – само не смеат ни да ја спомнат главната причина на сите проблеми во државата, поради која истите тие криминалци во власта ја имаат моќта да нѐ манипулираат и ограбуваат со помош на големиот број зависни пратеници во Собранието, а главната причина е: криминалниот Изборен законик со затворени листи!

ДЕМОКРАТИ веруваат дека секој проблем се решава со отстранување на причината за неговото постоење. Ако главната причина за најголемите проблеми во државата е криминалниот Изборен законик, тогаш решението е јасно и само се наметнува – ИТНА измена на криминалниот Изборен законик, воведување отворени листи без праг, една изборна единица и дополнителни технички услови за спречување на изборни измами!

Затоа, почитувани граѓани, доста зборувавме само за големината на проблемите со кои се соочуваме, треба да се насочиме кон вистинските теми за решавање на тие проблеми – кон вистинската ПРИЧИНА и кон вистинското РЕШЕНИЕ за проблемите!

А бидејќи вистинската причина за најголемите проблеми е криминалниот Изборен закон, кој им овозможува на истите политички криминалци да се менуваат на власт 32 години, тогаш вистинското решение е негова ИТНА промена и воведување ОТВОРЕНИ ИЗБОРНИ ЛИСТИ и ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА!

Затоа ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите чесни граѓани да ни се придружат во борбата да го промениме криминалниот Изборен законик и да им кажеме СТОП на политичките злосторнички криминални банди кои 32 години ја уништуваат Македонија и нашите животи!

Како ДЕМОКРАТИ веруваме дека граѓаните сакаат Македонија да биде слободна од политичкиот криминал и корупција, да имаме функционална држава во која се почитуваат законите, економски стабилна, со подобар животен стандард, младите да останат да живеат во Македонија, а не масовно да се иселуваат!

ДЕМОКРАТИ, заедно со граѓаните, ќе се борат македонската држава да биде почитувана низ целиот свет!

Претходно Нема леб за сиромашните граѓани, а политичките злосторнички криминални банди се богатаат!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ