ДЕМОКРАТИ јавно те повикуваат да престанеш да ги манипулираш граѓаните гласачи со предвремени избори!
Бараш предвремени парламентарни избори под изговор дека сакаш да им помогнеш на граѓаните и да ја спасиш Македонија од криминалните владејачки партии СДСМ-ДУИ.
Ако тебе и твојата криминална партија вистински ве интересираше доброто на граѓаните и на Македонија, прво ќе бараше промена на криминалниот Изборен законик, а потоа ќе повикуваше да одиме на предвремени парламентарни избори!
За жал, ти ги манипулираш граѓаните и ова е уште еден обид ти и твојата криминална партија ДПНЕ да дојдете што побрзо на власт, за да можете да ги контролирате – окупирате државните институции, да можете да креирате нови криминални политички вработувања за вашите полтронски послушници гласачи и да дојдете до народниот буџет, а не да им помогнете на граѓаните и на Македонија!
За жал, ДЕМОКРАТИ веруваат дека криминалниот Изборен законик им овозможува на криминалните партии СДСМ-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди да организираат криминални избори и да дојдат на власт на криминален начин.
За момент да си го поставиме прашањето, почитувани граѓани гласачи, што добиваме преку криминалните избори кои ги спроведуваат политичките криминални партии и нивните злосторнички криминали банди!
Одговорот сите го знаеме: ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ!
Зар треба да очекуваме дека политикантите, ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, поточно кажано, политичките злосторнички криминални банди кога ќе дојдат на власт ќе работат за наши интереси и интересите на македонската држава?
Одговорот сите добро го знаеме: НЕ!
Затоа како ДЕМОКРАТИ бараме, пред да се оди на предвремени парламентарни избори, ИТНО да се промени криминалниот Изборен законик и да се донесе нов Изборен законик кој ќе содржи:
1. Една изборна единица
1. Отворени листи
3. Без праг
4. Подеднаква распределба на финансиските средства за сите учесници на изборите
5. Подеднаква медиумска застапеност за сите учесници на изборите
6. Рамноправна распределба на рекламните локации
7. Спречување на криминални избори преку поставување камери на секое избирачко место и користење на други методи!
Само така ќе имаме фер и демократски избори и шанса да гласаме за чесни, хумани луѓе, со работно и животно искуство, кои ќе ја менаџираат и водат Македонија во просперитет, ќе работат за интересите и доброто на сите граѓани, а не исти криминални партии и нивните злосторнички криминални банди да спроведуваат криминални избори и да доаѓаат на власт со децении, за да се богатат, а нам, на граѓаните, да ни ги уништуваат животите и Македонија!
ДЕМОКРАТИ: Прво ИТНА промена на криминалниот Изборен законик, а потоа на предвремени парламентарни избори!
Македонија вечна!!!