Ненародната Влада продолжува немилосрдно да ги манипулира сиромашните пензионери!

Од овој месец, 6,8 % линеарно ќе се зголемат пензиите на 340 000 пензионери. На пензионерите кои добиваат 11.000 денари месечно, пензијата ќе им се зголеми 750 денари и ќе биде 11.750 денари, а на пензионерите кои добиваат највисока пензија од 64.000 денари, ќе им се зголеми 5.000 денари и ќе изнесува 69.000 денари!

Од горенаведениот пример можеме да видиме како ненародната Влада ги манипулира најсиромашните пензионери, дека еве божем се грижи за нив со тоа што им ги зголемува ниските пензии и со чие зголемување тие ќе можат да живеат подобар живот.

За жал, во реалноста, за најсиромашните пензионери на кои пензијата ќе им се зголеми за 750 денари, не само што е ова мизерно зголемување на пензиите во споредба со зголемувањето од 5.000 денари на највисоките пензии (5.000 денари зголемување е половина и повеќе од најниските пензии), туку тие не ќе можат да преживеат ни една недела од месецот, а не пак цел месец!

ДЕМОКРАТИ се згрозени од негрижата и манипулациите на ненародната Влада за сиромашните пензионери, кои упорно ги манипулира со мизерното зголемување на пензиите!

Затоа, ДЕМОКРАТИ предлагаат:

1. Минималната пензија да биде 18.000 денари
2. Процентот на зголемувањето на пензиите да биде во зависност од големината на пензиите, поточно кажано, најголем процент на зголемување на пензиите да биде кај најниските пензии, а најмал кај највисоките!

Само така ќе го подобриме животниот стандард на сиромашните пензионери во иднина!

Претходно Јавно го повикуваме градоначалникот на Кисела Вода, господинот Орце Ѓорѓиевски!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ