Повеќе од четири месеци неспособната и ненародна Влада и Министерството за здравство ги лажат и понижуваат вработените во јавното здравство, нудејќи им мизерно месечно покачување од 3.000 денари на медицинските сестри и по 2.000 денари на сите останати вработени!
Замислете, медицинска сестра со стаж од 25 години има основна плата од 23.600 денари.
За жал, здравствените работници во јавното здравство се оставени на милост и немилост и со секој изминат ден стануваат сѐ посиромашни!
Трагедија е што со секој изминат ден здравството се уништува и пациентите се изложени на голема животна опасност!
ДЕМОКРАТИ предлагаат 100-процентно покачување на платите на здравствените работници во јавното здравство!
Пари има во народниот буџет да се зголемат платите на вработените во јавното здравство, но за жал, се трошат расипнички или се крадат од страна на властите!